Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Проданоски: Нова современа градинка со капацитет за 200 деца во Прилеп

Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој вистински развој почнува со најмалите, но најзначајни чекори, со проекти што создаваат подобра иднина за нашите деца и за целиот град, истакна Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Прилеп, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес го претставувам проектот за нова современа детска градинка, инвестиција што ќе биде симбол на сигурност, иднина и грижа. Оваа градинка не е само објект, таа е порака дека Прилеп ќе продолжиме да го градиме со визија и со одговорност кон идните генерации.

На површина од над 2000 метри квадратни ќе изградиме модерен енергетски ефикасен и целосно пристапен објект со безбедна и топла средина за игра, учење и растење.

Реклама

Со овој проект ќе овозможиме згрижување на 200 деца од предучилишна возраст што значи полесно секојдневие за родителите, нови работни места и зголемен економски развој. Ова е вистински пример за тоа како инвестицијата во најмладите е инвестиција во целата заедница.

Заедно ќе создадеме Прилеп што расте, се развива и обезбедува достоинствен живот за сите граѓани. Со модерна инфраструктура со кавалитетни јавни услуги и со вистинска грижа за секој еден жител на општина Прилеп.

Со ваквите проекти што ќе ги реализираме сигурен сум дека чекор по чекор ќе го подобруваме нашиот град, како град на можности, напредок и заедништво.