Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Азири: Бујар Османи го удави Чаир во ѓубре за да ги спаси своите пријатели од ДУИ, Левица и Арсовска

Портпаролот на Локалниот изборен штаб на ВРЕДИ  во Чаир, Сабри Азири, реагираше…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Портпаролот на Локалниот изборен штаб на ВРЕДИ  во Чаир, Сабри Азири, реагираше на скандалозните злоупотреби со јавни пари во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“, предводено од директорот на ДУИ, Сабахудин Рустеми, нагласувајќи дека градот Скопје и општина Чаир се соочуваат со последиците од партискиот коруптивен и лош менаџмент, се наведува во соопштението на ВРЕДИ. 

„Вчера им ги претставивме на граѓаните на Чаир, Скопје и на целата јавност шокантните факти дека раководството на ЈП ‘Комунална хигиена, предводено од Сабахудин Рустеми, потрошило над 1,4 милиони евра јавни пари за ‘сервиси’ на возниот парк, а резултатот е катастрофален, расипани возила и Скопје задушено во отпад“, истакна Азири.

Според него, со истата сума пари градот можел да добие нов, модерен возен парк за собирање отпад.

Реклама

„Со 1,4 милиони евра, наместо клиентелистички тендери, можеа да се купат 26–27 нови комунални возила од типот Piaggio Porter за отпад, или до 40 нови средни камиони за собирање ѓубре, или над 80–90 мали комерцијални возила прилагодени за помали маала“, истакна тој, додавајќи дека „со тие
пари, Скопје, Чаир и сите општини ќе имаа целосен парк на современи возила, а граѓаните ќе живееја во чиста средина“.

Азири посочи дека зад сето ова стои молкот и соодговорноста на кандидатот на ДУИ за општина Чаир, Бујар Османи.

„Бујар Османи, кој денес се претставува како загрижен лекар и добар родител, никогаш не се осмели да го повика на одговорност својот пријател, директорот на претпријатието. За него, не е важна чистотата на Чаир, туку заштитата на личниот политички углед и неговите партиските кадри“, изјави Азири.

Тој потенцираше дека Османи никогаш не бил близок со граѓаните на Чаир и дека повеќе од една деценија ги користел нивните гласови само како
трамполина за централната власт.

„Сите знаат дека Бујар Османи не е близок со граѓаните од Чаир. Повеќе од 10 години ги користи нивните гласови само за својата кариера, додека проблемите на граѓаните ги остава настрана“, нагласи Азири.

На крајот, портпаролот на Локалниот штаб на ВЛЕН во Чаир, Сабри Азири, ги повика граѓаните на Чаир на 19 октомври еднаш засекогаш да ја отстранат ДУИ и нејзините функционери од политичката сцена.