Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Последниот брод од меѓународната флотила сè уште плови кон Газа

Последниот брод од меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Последниот брод од меѓународната флотила за помош за Газа го продолжи своето патување рано утрово, соопштија организаторите. Околу четириесет брода беа пресретнати од Израел, и според најавите, ќе бидат протерани од израелските води.

– „Маринет“ сè уште плови, соопшти организацијата синоќа на социјалните мрежи, додавајќи дека очекува наскоро пресретнување. „Тие се свесни што ги чека“ – соопшти организацијата.
Во 6 часот наутро, бродот беше на приближно 120 км од брегот на Газа, според геолокацијата споделена на веб-страницата на флотилата.

„Ако се приближи, неговиот обид да влезе во активната борбена зона и да се обиде да ја пробие блокадата ќе биде спречен“ – соопшти вчера израелското Министерство за надворешни работи.
Повеќе од 400 активисти на 41 брод од флотилата беа уапсени за време на операцијата што траеше околу 12 часа.