Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

Алиу: Дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети, во здравството е потребно долгорочно планирање

Министерот за здравство Азир Алиу се осврна на долгорочното планирање и креирањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Азир Алиу се осврна на долгорочното планирање и креирањето политики во здравството.

– Формиравме работни групи заедно со Министерство за образование и ќе дефинираме десетгодишна национална стратегија за човечки капацитети во здравството. Ќе се знае колку училници ќе се отворат, во кој град, за кои профили на средно стручно образование и колкав ќе биде бројот на отворени слободни места на медицинските факултети. На крајот на денот ќе знаеме за пет години колку доктори ќе имаме или за четири години колку медицински сестри ќе имаме, и врз основа на тоа да креираме политики, рече министерот Алиу.

Во однос на одливот на лекари во странство, министерот посочи дека платата нема улога во тоа, туку други два важни фактора – подобра инфраструктура и кариерен развој.

Реклама

– Ние веќе работиме на отстранување на дел од овие работи, на пример во однос на постара инфраструктура, веќе најавивме нова инвестиција од 205 милиони евра во здравството. Мислам дека ќе имаме позитивен тренд на враќање на доктори од странство, додаде министерот.

Министерот Алиу во последното интервју се осврна и на оптимизирање на системот МојТермин, со оглед дека дигитализицијата е една од клучните активности и креиран е посебен сектор кој се бави само со дигитализација.