Реклама

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Свет

Во САД продолжува блокадата на владата

Веќе втор ден трае блокадата на американската влада. Обвинувањата меѓу демократите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Веќе втор ден трае блокадата на американската влада. Обвинувањата меѓу демократите и републиканците продолжуваат, а Белата куќа предупредува дека масовни отпуштања на федерални службеници се неизбежни и ќе следат во наредните два дена, обвинувајќи за политички игри.

Демократите инсистираат на гаранции за здравствена заштита, што беше и клучно за неуспехот на буџетскиот договор.
„Ако се толку загрижени за ефектот што ова го има врз американскиот народ – а треба да бидат – она што треба да го направат е повторно да ја отворат владата, а не да се жалат како ние реагираме“, изјави Џ.Д. Венс, потпретседател на САД.

„Ние сме отворени за дијалог – но ни требаат разумни републиканци за искрен договор за повторно отворање на владата и донесување буџет кој реално ќе го подобри квалитетот на живот на народот и ќе се справи со здравствената криза што ни ја наметнаа републиканците“, рече Хаким Џефрис, лидер на демократите во Претставничкиот дом.

Реклама

Во петок се очекува ново гласање за краткорочен буџет.