Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Две задкулисни коалиции, Левица со ДУИ за Струга и Тетово и СДСМ со Јакимовски за маркици и тендери во Карпош 

На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена.На едно место…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На овие избори се разоткрија вистинските лица на политичката сцена.
На едно место се собраа и се обединија структури за најголемите криминални интереси и политички профити, се здружија само поради една цел, да ги заштитат личните бизниси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Првата коалиција на терен е Левица и ДУИ кои се претставуваа како антагонисти за сега во Струга и Тетово да ги гледаме рака под рака Али Ахмети и Димитар Апасиев. Се со цел да го спасат ДУИ од пораз во прв круг во овие два града.

Апасиев и Левица истите кои беа поддржувачи на СЈО за дебели хонарари сега на овие избори повторно се продаваат за позиции, фотелји и многу кеш. Тоа е политиката на пазар и мито која Левица се обидува да ја прекрие позади маската на идеологијата.

Реклама

Втората коалиција се Стевчо Јакимовски, човек на црната листа на САД кој се здружи со Венко Филипче под директива на Зоран Заев. Карпош за нив е претворен во пазар на политички зделки а кандидатот на СДСМ е само декор, нема ниту кампања, ниту поддршка а нема ниту шанса на овие избори.

Триото Заев, Филипче и Јакимовски нема идеологија, само профит и проценти.

Триото Заев, Филипче и Јакимовски ги спојува криминалот, градежната мафија и тендерите.

За ова трио, Заев, Филипче и Јакимовски општина Карпош е само каса од која ќе се финансираат нови коруптивни шеми за луѓето околу нив.

Двете коалиции, Левица со ДУИ и СДСМ со црнолисташот Јакимовски се прочитани и ќе бидат дебело поразени на овие избори.

Народот ги препознава игрите зад кулисите на овие политички актери како Заев, Филипче, Ахмети и Апасиев и ќе ги испрати во политичка пензија.