Реклама
Свет

Копенхаген станува европски безбедносен центар

Зајакнување на заедничката европска одбранбена подготвеност и поддршката на ЕУ за Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зајакнување на заедничката европска одбранбена подготвеност и поддршката на ЕУ за Украина ќе бидат клучни теми за дискусија на денешната неофицијална средба на шефовите на држави или влади на земјите членки на Европската унија во Копенхаген. ЕУ е решена да ја подигне својата одбранбена готовност до 2030 година. Ова подразбира мерки за консолидирање на нејзините одбранбени капацитети, зголемување на инвестициите во одбраната и развивање на сопствената индустриска база.