Реклама
Свет

Трамп им даде рок на Палестинците да одговорат на неговата понуда за мировен договор

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека палестинската милитантна група Хамас има околу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека палестинската милитантна група Хамас има околу три дена да одговори на неговата понуда за мировен договор во Појасот Газа. Трамп посочи дека израелските и арапските лидери го прифатиле планот. „Хамас или ќе го стори тоа или нема, а ако не го стори тоа, тоа ќе биде многу тажен крај“, додаде тој. Белата куќа вчера презентираше мировен план за Појасот Газа, кој предлага крај на конфликтот меѓу Израел и Хамас и враќање на сите заложници во рок од 72 часа.