Украина повторно освои повеќе од 170 квадратни километри територија во близина на источниот град Добропил во неодамнешните контраофанзиви, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека руските сили изгубиле речиси 3.200 војници во операцијата.
Зеленски призна дека украинските сили се соочуваат со тешки услови на неколку делови од фронтот, вклучувајќи ја и областа во граничниот регион Харков и во областите кај Донецк.
