Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Андоновска: За горење на 14 живи луѓе – 1,5 години, за кубење коса – 4 години, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДСM

 ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека за време на владеењето на СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција обвини дека за време на владеењето на СДСМ за „кубење коса“ биле досудени четири години затвор, додека за горење на 14 живи луѓе – 1,5 година. Прес-конференцијата на Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ ви ја пренесуваме во целост. 

„За горење на 14 живи луѓе – 1,5 година, за кубење коса – 4 години затвор, тоа е судството отворено како пупка што го создаде СДСM. Судството под команда на СДСM и ДУИ, даде вкупно 3 години затвор, за 14 живи изгорени луѓе во модуларната во Тетово. По 1,5 година за двајца директори на Тетовската болница, а Венко Филипче не беше повикан ниту на информативен разговор.

За губење на човечки животи казни како за прекршок, а за кубење коса се добива и до 4 години затвор. Апсурд кој постои само во судството под диктат на СДСM и ДУИ.

Реклама

Судиите со 2% доверба ја оправдуваат својата послушност кон СДСM и ДУИ, а криминалците се шетаат слободни. Народот останува без правда. Во нормална држава, Филипче одамна ќе беше зад решетки. Кај нас, тој сега води партија и ветува подобар живот за сите, а претходно за жал, 14 животи  скрати, поради 20% анекс на договор.

Ова е судството на СДСM. Одгворност за нивни членови, нема. Време е за вистински реформи и одговорност!“.