СДСМ нема понуда и се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека во Струмица, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, од прес-конференција на Валентин Манасиевски.
СДСM во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДСM за овие избори.
СДСM не да нема понуда, туку се во тотална паника од сигурниот пораз кој ги чека на 19ти октомври во Струмица.

СДСM се свесни дека сите криминали кои ги правеле со години ќе се откријат и се плашат од тоа.
СДСM во Струмица шири страв и паника меѓу жителите, затоа што крајот на нивното владеење се ближи.
Во недостиг на квалитетни кадри, тие нудат луѓе кои се со сомнително минато, полни со кривични пријави, насилници и силеџии.
Да се потсетиме на видеото, каде што кандидатите за советници на СДСM во Струмица крвнички тепаат туристи.
Ова не смее да биде повеќе сликата за Струмица. За вакви насилници не смее да има место во Струмица.
На народот во Струмица му е доста од локални шерифи и тепачи. Струмичани сакаат вистински промени!
