Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Стапката на резоцијализација на затворениците е мала, се бара кадар

Подобар и посигурен затворски систем – е целта на измените кои се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобар и посигурен затворски систем – е целта на измените кои се прават во Законот за извршување на санкции. Почна јавната расправа за законските измени, а надлежните очекуваат тие да бидат изгласани по локалните избори. Над 60 проценти од зтаворениците во Македонија се повратници, поразителна статистика според упатените и затоа е потребно да се работи на ресоцијализација, но и на здравјето на осудените. Проблемот е што недостасуваат стручни лица во затворите.

„Бараме од Министерство за здравство да најдат вработени кои што ќе работат во затворите, за жал моменталната состојба е многу лоша. Ако ги мериме, еден здравствен работник на бројот на осуденици, тоа мислам деке е една од ретките земји сме во светот каде што има толку мал број здравствени работници во затворите“, вели Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

Пандов најавува и дека ќе се обидат да ги корегираат платите на затворските чувари. Оној што работи со доживотни затвореници во Идризово и оној што работи со затвореници со казни до три години затвор, имаат иста плата, што според него не смее да биде така.

Реклама

„Секако тоа би имало финансиски импликации, да има промена и плус мотивација… Тоа во комунизмот било ок, мислам дека сега како општество треба, не тврдам, меѓутоа таа работа сакам да ја отворам и ќе се обидам ја сменам. Луѓето кои што работат во Казнено поправни домови имаат различна плата од останатите, тука најверојатно ќе се побара форма и за Затворот Скопје“, вели Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции.

Пандов највува дека затворениците ќе добијат и право на образование во казнено поправните установи низ земјава.

Давид Крстевски