Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Вработените од „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“ на протест, бараат исплата на плата за август, регрес и јубилејни и новогодишни награди

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието и пред бараките на Град Скопје и канцеларијата на градоначалничката Данела Арсовска. Тие бараат да им се исплати платата за месец август, регресот и јубилејната награда за 2022 година и новогодишните награди.

– Се собравме пред Собранието на Град Скопје, за да изразиме револт поради недобивањето плата за „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“. Имено, и покрај тоа што потпишавме спогодба и колективен договор на ниво на работодавач се уште не се исплатени не само платата за месец август, туку и регресот за 2022 година, јубилејната награда од 2022 година наваму и новогодишните награди. Беше договорено тоа да биде сукцесивно, значи роковите одамна поминаа. Сега има и застарување на побарувањата. Откако дојдовме како синдикат во „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, вработените почнаа редовно да ги земаат платите, доцнеа со три, четири месеци. Во континуирана комуникација со сегашното раководство на „Паркови и зеленило“, сепак успеавме да ги доближиме разликите меѓу платите наназад, но сега немаат земено плата за август, а набрзо ќе немаат и здравствено осигурување, изјави пред просториите на Град Скопје, претседатедателот на независниот синдикат на државната администрација, Горан Ристески.

Посочи дека бараат Град Скопје да обезбеди парични средства за услугите кои ги вршат ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, односно средства за плата и друг додатоци на плата, како и регрес, јубилејна награда и новогодишен додаток.

Реклама

– Пробавме да разговараме со градоначалничката на Град Скопје, не не прими. Последниве месец дена не можевме да воспоставиме контакт ниту со директорот на Паркови и зеленило, кој е одговорен и за „Луна“. Од тие причини е организиран протест со цел да се искаже револт. Вработените бараат плата и почитување на Законот за работни односи. До 15-ти во месецот да се исплати плата за секој вработен во овие две институции. Доколку не се исполнат барањата согласно закон ние ќе продолжиме со протест, но не се исклучени и порадикални мерки. Има разни опции, има бел штрајк…, додаде Ристески.

Во врска со јавните претпријатија кои не го собираа ѓубрето во Скопје, рече дека тоа е уште една приказна дека и ова јавно претпријатие, како и другите не е во добра состојба и едвај врзува крај со крај. 

Претседателот на Независниот синдикат на „Паркови и зеленило“, Атанас Георгиевски истакна дека бараат навремена исплата на плата и сите додатоци кои им следуваат согласно закон.

– Не не интересираат никакви изговори, не интересираат паричните средства кои ни следат, додаде Георгиевски.