Реклама

Тв Алфа ја посети Зоолошката градина по крвавиот случај со волците

Пренатрупаност, несоодветни материјални услови и здравствена заштита во затворите

Венецуела ден по разорните земјотреси- бројот на жртви расте, се бараат преживеани под урнатините

Бугарија има системска стратегија од 1968 година за рушење на македонскиот идентитет

Отчет на Мицкоски за две години влада: Економијата заздравува и расте

Со над 120 македонски уметници ќе се одбележат 35 години независност

Во вторник ќе се знае новиот владин кабинет: Некогаш реконструкција се прави промена на приоритетите

Алиу: За околу три недели ќе бидат објавени повиците за аплицирање за средства од програмата EU4Health

Алиу: Во политиката сум да променам нешто

Љутков: Две години процес на стабилизација, обнова и развој на културата и туризмот

Митева: Човек кој зад себе има огромни скандали и криминални состојби како Филипче, не може барањата за правда да ги претставува како закана

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции и поефикасна реализација на капиталните проекти

Македонија

Редовна седница на ДИК, донесен план за спроведување на обуките на избирачките одбори, усвоени обрасци за сумирање на резултатите

Државната изборна комисија денеска во рамки на својата редовна 136. седница донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија денеска во рамки на својата редовна 136. седница донесе План за спроведување на обуките за членовите на избирачките одбори со распоред по кој тие ќе се одржуваат, а ќе почнат следната недела, во врска со претстојните локални избори.

Комисијата, исто така, усвои Одлука за објавување описи на сите 3480 избирачки места во земјава. По донесувањето на одлуката Комисијата овие описи ќе го објави на својата веб-страница. Како што појасни претседателот на ДИК, Бoрис Кондарко, ќе биде објавен точниот број, адреса и локација на избирачките места. Има, рече, мала промена во однос на неколку изборачки места кај кои или е констатирано надминување на доволената бројка од 1000 избирачи или пак не ги исполнувале условите. За ова додаде, навреме се информирани и општинските изборни комисии.

Членовите на Комисијата усвоија шест предлог обрасци за сумирање и објавување на резултатите од Општинските изборни комисии и изборната комисија на Град Скопје.

Реклама

Државната изборна комисија одобри и барања за набљудување на изборите од ОДИХР за 24 избирачи и од Здружение за Рурален развој Агролидер од Кривогашани за пет избирачи. Кондарко рече дека одобрувањето за набљудувачи се прави сукцесивно на секоја седница како пристигаат барањата. Тие можат да се поднесуваат најдоцна 10 дена пред одржувањето на изборите. 

Членовите на Комисијата одлучуваа по барања за изземање на претседатели, заменици претседатели, членови и нивни заменици на општински изборни комисии и Изборна комисија на Град Скопје поднесени од лични, здравствени причини или поради судир на интереси. Вкупно беа разгледани 25 барања за изземање, од кои 24 прифатени поради постоење законски основ, а едно одбиено.

По ова Комисијата на нивно место по случаен избор избра нови, водејќи се по принципот на правична етничка и родова застапеност.