Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

Прва пресуда во случајот „Онкологија“: Онкологот Пешевска доби условна казна

Условна казна од две години затвор за докторката онколог Мери Пешевска која…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Условна казна од две години затвор за докторката онколог Мери Пешевска која призна вина во случајот Онкологија. Пешевска нема да оди во затвор доколку во наредните пет години не стори ново кривично дело, пресуди скопскиот кривичен суд. Таа призна дека го ставила на располагање својот печат и факсимил на шалтер, кој според судот, потоа биле злоупотребувани од првообвинетиот Нино Васев. Практично, со нејзиниот потпис и печат Васев препишувал терапија која наместо да го подобри – го влошила здравјето на седум пациенти.

  • „Одобрувал и препишувал лекови каде постои недоследност во дозирањето на лековите и во тајмнигот на апликациите. Давал терапии од новите генерации на таргет и имуно терапија во фаза на лекувањето кога било многу очигледно дека од апликацијата на таквиот лек воопшто нема да има бенефит поради лошиот перформанс статус на пациентот и немањето време да се развие механизмот на дејство“ рече Снежана Марковска – судија во Основен Кривичен суд Скопје.

Пешевска се товари за тешки дела против здравјето на луѓето за што можеше да и биде изречена затвор од три месеци до три години.Според судијката Марковска, условноста на казната не значи избегнување на одговорност, туку предупредување кое може да ја постигне целта на казнувањето.

  • „Судот ги ценеше особено последиците од севкупноста на заедничките дејствија кои биле преземени а биле тешки бидјеќи кај седум пациенти дошло до нарушување на здравјето“ рече судијата Снежана Марковска во пресудата.

Како олеснителни околности биле земени предвид фактот дека Пешевска делото го сторила од небрежност, дека призна вина и изрази каење, како и тоа што нема претходни санкции и е вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија од 2002 година.

Реклама

Пешевска, во завршните зборови, изјави дека била злоупотребена од колегите и дека тогашната пракса дозволувала користење печат од друг онколог за пациентите навремено да ја добијат терапијата.

Нино Васен и уште двајца лекари онколози остануваат обвинети, бидејќи не признаа вината. Васев се товари и во случајот Онкологија 2 заедно со организацискиот поранешен директор Нехат Нухи за финансиски злоупотреби кои биле правени на Клиниката.