Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Меџити го најави големиот културен проект – Скопје ќе го добие Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првиот заменик претседател на Владата, министер за животна средина и кандидат за градоначалник на Општина Чаир, Изет  Меџити, во Скопје го пречека светски познатиот тенор Раме Лахај, со кого оствари пријателска средба во Старата скопска чаршија, се наведува во соопштението на кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на ВРЕДИ, Изет Меџити.

По средбата, Меџити на социјалните мрежи ја најави новата иницијатива – мега проект во сферата на културата, кој ќе го врати Чаир и Скопје во
центарот на културната мапа на Албанците.

Главниот град ќе биде домаќин на Националниот фестивал на албанската култура „Порта на културата“, единствен настан што ќе ја обедини музиката, театарот, филмот, литературата и ликовната уметност на една сцена.

Реклама

Меџити му ја претстави идејата за овој фестивал на познатиот тенор, при што биле споделени заеднички визии.

Според Меџити, „Порта на културата“ ќе прерасне во нова традиција што ќе ги промовира албанските уметници и ќе ги поврзе генерациите преку уметноста и креативноста.