Изградбата и модернизацијата на патната инфраструктура е еден од врвните приоритети на власта. На терен се случува градежен бум, со активности на повеќе фронтови.
Дел од проектите веќе се готови и пуштени во употреба, како експресниот пат кон Крива Паланка, делницата Градско – Фариш и поголем дел од автопатот Кичево – Охрид. Интензивно се работи и на неколку други значајни патни правци.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Македонија е на добар пат да стане лидер во инфраструктурата во регионот – модерна, поврзана и напредна држава.
