Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

Нов вид на телефонска измама: го имитираат гласот на член од семејството или пријател и бараат пари, лозинки и лични информации, мвр со предупредување

Министерството за внатрешни работи алармира за зачестени случаи на телефонски измами во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи алармира за зачестени случаи на телефонски измами во кои измамници со помош на вештачка интелигенција го имитираат гласот на член од семејството, пријател или претставник на институција и бараат пари, лозинки или лични информации.

Измамниците користат туѓ телефонски број, а преку технологија за синтетички говор се реплицира препознатлив глас. На тој начин жртвата е убедена дека разговара со блиска личност или со доверлив претставник. Надлежните апелираат граѓаните веднаш да го прекинат повикот ако се посомневаат дека станува збор за измама и потоа да ја контактираат личноста на нејзиниот вистински број. Одлуки не треба да се носат под притисок, ниту пак да се споделуваат лозинки, пин-кодови или други чувствителни податоци.

„Чувајте ја својата безбедност – гласот кој го слушате можеби не припаѓа на личноста за која мислите дека зборувате“, предупредуваат од МВР. Секој сомнителен случај треба веднаш да се пријави во полиција.