Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Меџити ја претстави визијата за предучилишното образование во Чаир: Тројно зголемување на капацитетите за децата од предучилишна возраст

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната јавна презентација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната јавна презентација во Чаир, пред граѓаните и
медиумите, го промовираше новиот концепт за развој на предучилишниот систем во општината, нагласувајќи дека капацитетите за згрижување ќе се зголемат тројно во наредниот мандат, преку конкретни инвестиции во модерна и инклузивна инфраструктура за децата, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

„Чаир отсекогаш бил симбол на младоста, животот и новите почетоци. И денес, Чаир се гордее со највисока стапка на наталитет во државата. Тоа е нашата сила, нашата гордост, но пред сѐ – нашата најголема одговорност“, изјави Меџити.

Тој потенцираше дека силата на едно општество не се мери само со бројки, туку со вредностите, знаењето и мудроста што им се пренесуваат на новите генерации. Затоа, приоритет е поставувањето на систем на образование и грижа што започнува уште од најрана возраст.

Реклама

„Планираните инвестиции се:
• Детската градинка ‘Бамби’ – веќе функционална, со капацитет од 360
деца, моментално најголемата во државата;
• Новата градинка ‘Снежана’ во Топанско Поле– која ќе се гради од темел,
со капацитет од 300 деца;
• Новата градинка ‘Росица’ – исто така нов објект што ќе се гради од темел тука, со капацитет од 300 деца“, рече Меџити.

Овие три нови градинки ќе можат да згрижат 1.000 деца од предучилишна возраст, што речиси го достигнува бројот од 1.100 деца кои моментално се згрижени во седумте постојни градинки во Чаир.

„На овој начин, конечно го решаваме проблемот со недостиг на места во градинките. Секое дете во Чаир ќе има свое место. Никој нема да остане надвор“, додаде тој.

Концептот за предучилишно образование во новиот мандат на Меџити се базира на три основни столба:
        1.Модерна инфраструктура – со безбедни, функционални и стимулативни
простории за децата;
        2.Еднаквост и инклузија – со посебни училници за деца со аутизам и
посебни потреби;
        3.Мотивиран и стручен кадар – воспитувачи кои работат со посветеност и љубов кон секое дете.

На крајот од своето обраќање, Меџити го оцени овој проект како долгорочна инвестиција во човечкиот капитал и конкретен чекор кон подобра иднина за семејствата во Чаир.