Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

МВР: Септември почна со 5.171 сообраќаен прекршок, приведени 32 возачи

Почетокот на месецов – од 1 заклучно со 8 септември, полициските службеници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почетокот на месецов – од 1 заклучно со 8 септември, полициските службеници издале вкупно 5.171 платен налог. Согласно статистичките податоци, 1.765 прекршоци се однесуваат на непрописна брзина на движење, 1.020 за непрописно паркирање и дури 503 прекршоци за возачи кои управувале без возачка дозвола, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во овој период, регистрирани биле 170 казни за пешаци, потоа 176 прекршоци по основ на користење мобилен телефон и 228 прекршоци по основ на неносење сигурносен појас. Евидентирани биле и 116 прекршоци за прекумерно присуство на алкохол во крвта, 29 минувања на црвен семафор како и 119 прекршоци кај мотоциклисти кои неноселе заштитен шлем. По основ на Законот за возила од сообраќај биле исклучени 112 возила без соодветна регистрација и 23 што биле технички неисправни.

– Првата недела од септември ја карактеризираа и поднесените 32 кривични пријави за возачи и истите се лишени од слобода по основ на член 297-а – „безобзирно управување со моторно возило“, од кои 14 кривични пријави се однесуваат на прекумерно количество алкохол во крвта, а 17 за возење со брзина поголема од дозволената – и само во еден случај за претекнување на непрегледно место, се наведува во соопштението на МВР.

Реклама

Во текот на вчерашниот празничен ден, во рамки на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 781 издадени платни речиси третина односно 254 налози се однесувале за возење со брзина поголема од дозволената.

– Потоа следат 106 прекршоци за возачи кои управувале возила без возачка дозвола, како и за возачи кои неправилно престигнувале – 129 прекршочни санкции. Понатаму, вчера евидентирани биле 46 прекршочни казни за користење мобилен телефон и 47 прекршоци заради неносење сигурносен појас, додека пак за неправилно паркирање изречени биле само 30 прекршочни платни налози. Исто така, 15 лица кои управувале мотоцикли се санкционирани заради неносење заштитен шлем, 17 возачи се отстранети од сообраќај заради детектирано присуство на алкохол во крвта, а четворица заради минување на црвено светло, се истакнува во соопштението.

Осуммина возачи биле лишени од слобода во текот на вчерашниот ден и им биле поднесени кривични пријави по основ на член 297-а од Кривичниот законик на Република Северна Македонија – „безобзирно управување со моторно возило“, од кои двајца заради присуство на над 1,5 промили алкохол во крвта, петмина заради недозволена брзина на движење надвор од населено место и еден заради претекнување возило на непрегледно место.

– Наспроти прекршоците, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, согласно одредбите од Законот за возила, вчера од сообраќај биле исклучени 15 возила заради тоа што немале валидна регистрација, како и шест возила што биле технички неисправни, се додава во соопштението.