Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Јанев: За првпат се прави исчекор во одвојување на државата од партијата, граѓаните да знаат кое возило и кој државен ресурс се користи за партиски цели

После 34 години независност и после многу нотирања на меѓународните организации како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

После 34 години независност и после многу нотирања на меѓународните организации како ОБСЕ и ОДИХР дека немаме одвојување на злоупотреба на државните ресурси за време на предизборната кампања, за првпат оваа администрација покажа и знаење и желба и волја да се стават работите онака како што треба, пред сѐ да бидеме транспарентни, да бидеме отчетни, а сите ние како граѓани да знаеме кое возило и кој државен ресурс се користи за партиски цели. За првпат се прави исчекор во одвојување на државата од партијата, еден од главните исчекори кои ги третираме, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев на заедничката прес-конференција со директроот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски, со кој ги презентираа првите брендирани регистарски таблици на службените возила.

Јанев посочи дека во рамки на Министерството за внатрешни работи секоја една злоупотреба која што е пријавена се истражува и како што рече, секој еден којшто нашравил било каква злоупотреба ќе сноси соодветни санкции.

– Јасно и гласно го кажувам тоа, ние веќе во рамки на Бирото за јавна безбедност и во рамки на Министерството за внатрешни работи имаме одржано низа состаноци, имаме отворено оперативна акција „Локални избори 2025 година“, така што една од главните насоки е полициските службеници да постапуваат исклучиво со интегритет и професионалност и истите мора да пружат и обезбедат фер и демократски локални избори. Ние сме една од алките кои што е гарант за остварување на највисокото демократско право, а тоа е правото на глас, порача Јанев.

Реклама

Во врска со новите правила за патување во Европската унија кои што стапуваат на сила од 12-ти следниот месец, тој најави дека навремено и целосно ќе бидат информирани граѓаните за да нема застои на патните премини. На новинарско прашање Јанев посочи дека се во постојана комуникација со европските партнери и како што рече според првичните најави и сегашната европска регулатива, граѓаните ќе треба да пополнуваат апликации на интернет.

– Ние сме во интензивна комуникација со нашите европски партнери и разговараме како сето тоа да биде олеснето и како сето тоа да биде подостапно за нашите граѓани. Најголемиот проблем може да бидат патните премини кон нашите соседи кои што се дел од Европската унија, затоа наша обврска е да ги информираме граѓаните што треба да поднесат и според сегашните регулативи оваа апликација мислам дека ќе оди преку интеренет и сето тоа ќе одзема одредено време, кратко ќе биде, а ќе биде со важност од две години. Такви се првичните најави, меѓутоа официјалните информации откако ќе ги добиеме од Европската унија истите ќе бидат веднаш споделени со граѓаните на нашата земја, рече Јанев.