Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: И СДСМ и Димовски признаваат дека во период на изборни циклуси бил следен и прислушкуван претседателот Мицкоски

Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со прислушкувањето на АНБ и АР на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, новинари, бизнисмени добива се поголеми размери. И СДСМ и поранешниот нивен директор на АНБ, Виктор Димовски признаат дека имало следење и прислушкување на неистомислениците, критички кон нив настроените новинари, јавни личности, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во обид да се извлече од целата ситуација откако СДСМ потврди дека имало прислушкување, Димовски призна дека во период на изборни циклуси во државата процениле дека било неопходно да се следи ВМРО-ДПМНЕ, на чело со претседателот Мицкоски, како тогашна опозиција.

Која безбедносна закана би биле партиските активности на партијата во пресрет на тогаш локални и парламентарни избори, освен закана СДСМ да си замине од власт.

Реклама

Ова нивно признавање за петгодишно следење и прислушкување на претседателот Мицкоски значи дека не само тој, туку и неговото семејство биле предмет на следење на тајните служби.

Овие безбедносни служби, наместо да се грижат за безбедноста и да го штитат интегритетот на државата и граѓаните, тие биле маша за политичка борба и притисок на СДСМ, а главен извршител бил Виктор Димовски.

Виктор Димовски многу добро знае што правел, и какви кривично правни последици има тоа и токму затоа треба јавно да признае што и по чија наредба од врвот на политиката правел.

Ова следење и прислушкување не би било можно без директна дозвола од Зоран Заев, затоа што во целиот систем бил вклучен и Љупчо Коцевски од ЈО, кој подоцна токму СДСМ го избира за државен јавен обвинител, како и Врховниот суд.

Овој скандал на злоупотреба на безбедносните служби во политички цели, не смее да остане несанкциониран и одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори.