Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Делчево со свечености одбележа 81 година од ослободувањето на градот

Во празнична атмосфера, Делчево денеска го одбележува 81 години од своето ослободување.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во празнична атмосфера, Делчево денеска го одбележува 81 години од своето ослободување. Пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот, цвеќе положија делегација од Општина Делчево, претставници на институции, политички партии и здруженија на граѓани, оддавајќи почит на борците од делчевскиот крај кои ги положија своите животи во Народноослободителната војна.

Во рамките на одбележувањето во реферат подготвен од КУД ,,Гоце Делчев” Делчево бе споменати и двата клучни датума за македонската современа историја – 7 септември 1944 година и 8 септември 1991 година – кои го симболизираат стремежот кон слобода, независност и создавање подобра иднина.

Претходно на свеченост организирана синоќа од Општината, градоначалникот на Делчево Горан Трајковски потенцираше дека „7 Септември” претставува датум со длабоко значење за делчевци, ден кога градот се потсетува на храброста, пожртвуваноста и визијата на оние кои се бореле за слобода. 

Реклама

Истакна дека оваа годишнина не е само повод за сеќавање на минатото, туку и за преземање одговорност кон иднината, градење услови за достоинствен живот и развој на современо Делчево.

Во рамките на свечената програма, беа презентирани реализираните проекти во осумгодишниот мандат на Трајковски  и беа доделени општинските награди и признанија по повод празникот 7 Септември – Денот на ослободувањето на Делчево.

Плакети добија спортисти, културни работници, институции, компании, поединци и соработници од земјава и странство, кои со својата работа и поддршка придонесуваат за развој на градот и афирмација на неговите вредности.

Свеченоста заврши со концерт на Битолскиот камерен оркестар и настапите на уметниците Ристо Самарџиев, Дани, Тамара Тодевска и Антониа Гиговска.