Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Нов систем за водоснабдување доби населбата „146“ во Тетово вреден 700 илјади евра

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами го промовираше завршениот водоснабдителен систем за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами го промовираше завршениот водоснабдителен систем за населбата наречена „146“ над Арабати Баба Теќе со што од денеска оваа населба со 10 илјади жители почнува да се снабдува со вода од изворите на Шар Планина.

-Ова е посебен ден затоа што со овој проект сме се занимавале како општинска администрација околу четири години. Проект наследен од претходната администрација со многу недостатоци, но на крај успеавме да ги отстраниме сите тие недостатоци, до тој ден кога водата прв пат ќе биде пуштена до домовите на жителите на овојд од градот, а затоа голема благодарност до жителите што имаа доверба во нас и чекаат го чекавме заедно овој ден, истакна Касами.

Според градоначалникот Касами, овој проект ја чинеше Општина Тетово околу 40 милиони денари, односно околу 700 000 евра.