Реклама
Прилози

🎥 Во Тиквешијата во полн ек е бербата на винското грозје од годинашната реколта која е со висок квалитет

Бербата на винското грозје во Тиквешијата е во полн ек. Годинашната реколта…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бербата на винското грозје во Тиквешијата е во полн ек. Годинашната реколта е со висок квалитет и очекувањата се дека родот ќе тежи околу 100 милиони килограми. Според ресорниот министер, Цветан Трипуновски, годинава е постигната рекордна цена за двете најзастапени вински сорти на грозје или, 21,3 денари за килограм „вранец“ и 18,9 денари за килограм „смедеревка“.

Како Влада покажуваме дека сме различни во пристапот, го вреднуваме и цениме трудот на македонскиот земјоделец. Во наредните години ќе биде уште подобро. Годинава се очекуваат зголемени приноси поради решавањето на проблемите со наводнувањето, оти лани намален бил приносот на грозјето поради лошото менаџирање со водата“, – вели министерот Трипуновски.

Иако, поголемиот дел од лозарите се задоволни од новините, сепак, тие укажуваат и на фактот дека во иднина мора сериозно да се работи и на задолжително формирање и на производната цена, а не само на откупната, бидејќи, како што велат, сега и вака, не можат во целост да си ги покријат производните трошоци.

Реклама

Дека лозарството е стратешка, но и егзистенцијална гранка во Тиквешијата, своевиден доказ е и отворањето на Винскиот музеј, кој годинава, во пресрет на Гроздоберот, го слави својот петти роденден.

Денес сме собрани заедно да одбележиме три исклучителни јубилеи кои зборуваат за традицијата, истрајноста и богатството на нашиот регион. Пред се’, со огромна чест, го прославуваме петгодишниот јубилеј на Винскиот музеј за Регон – Тиквеш-Кавадарци, кој за овој краток, но плоден период,  успеа да стане место на кое се чува и пренесува долгата винска традиција на нашата земја…и дека токму преку вакви настани се гради нашата заедничка културна меморија“, – изјави Елизабета Ристова, директорка на Вински музеј – Кавадарци.

 Во Тиквешијата, според податоците од МЗШВ, над 180 лозари имаат земјоделски стопанства, со минимум 0,2 хектари одржувана површина со лозови насади. За 2024 година, тие годинава добија околу 13 милиони денари субвенции за одржување на насадите. А за лани, исплатени се и 315 милиони субвенции за предадено грозје на 11.689 лозари. Лозарите се корисници и на мерката „зелена нафта.

Инаку, денеска во Кавадарци започна традиционалната тридневна фестивалска фешта на грозјето и виното, популарниот „Тиквершки гроздобер 2025“, кој ќе изобилува со богата културно-забавна и музичка програма.