Реклама
Македонија

Финансиската полиција „тресе“ во Липково, Куманово и Желино, сомнеж за криминал од над 7 милиони евра

Голема акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино. Претреси на повеќе локации, сомнеж за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

Во раните утрински часови, полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, во Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група, која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека станува збор за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати и се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Реклама

Од Финансиска полиција за Алфа потврдија дека станува збор за синџир од 10 фирми. Засега се приведени седуммина, а кај еден од нив се пронајдени 4.500 во кеш.