Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Јовчески: Прилеп добива фабрика за селектирање на отпад

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески кој истакна дека општина Прилеп била оставена во долгови но истите биле исплатени и како значаен проект ја посочи изградбата на детска градинка, како и обезбедување на бесплатен оброк за учениците како и обезбедување на ученичка униформа, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние успеавме да ја изградиме, го презедовме и долгот од 133 милиони денари коишто во целост го исплати локалната самоуправа од општинскиот буџет и направивме една современа детска градинка, и веќе во напредна фаза е и изработен е проектот за уште една детска градинка во населбата Рид којашто дополнително ќе ги згрижи сите останати дечиња. Обезбедивме и бесплатен оброк за учениците од прво до трето одделение, обезбедивме за шест илјади ученици ученичка униформа“, објасни Јовчески.

Градоначалникот исто така потенцираше дека во завршна фаза е и изградбата на фабриката за селектирање на отпад, како и објасни за изградбата на катна гаража што е значително важна за безбедно паркирање на возилата.

Реклама

„Сега е во завршна фаза изградбата на фабриката за селектирање на отпад којашто е најмодерна, којашто ќе биде дел од ланецот на поврзување на регионално згрижување на отпадот, имаме примерно и секундарно дури и терцијално згрижување на отпадот. Еден од првите проекти коишто го имавме беше посветен на патната инфраструктура, на сообраќајот, и обезбедување на паркинг места, со првиот проект обезбедивме средства од 120 милиони денари и направивме реконструкција односно рехабилитација на повеќе од 80 улици, направивме една катна гаража каде што значително го обезбедивме и безбедното паркирање на возилата“, објасни Јовчески.