Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ново Село инвестира во младите и спортот, изградба на канализациска мрежа во Босилово, субвенции за возачки дозволи, првачиња и новороденчиња во Василево, а Конче работи на водоснабдување

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“, се обрати градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов,  градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов  и градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов, кои наведоа клучни проекти кои ги оствариле во четиригодишниот мандат, како асфалтирање на повеќе улици, инвестирање во младите и спортот, изградба на канализациони мрежи и вложување во младите и спортот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Беа асфалтирани над 12 километри улици и патишта, се посветивме на рационално, рамномерно работење затоа постигнавме толку. Продолжуваме и во други населени места, се асфалтираат улици кои се од големо значење за граѓаните. Еден од поважните сегменти на кои се фокусирав е инвестирање во младите и спортот, инвестиравме во 7 нови спортски игралишта, изградивме 3 целосни нови спортски терени. Еден од поважните проекти на кои сум особено горд е целосно реконструираната спортска сала Христо Татарчев во Ново Село успеавме да добиеме прекрасни услови за спортување, инвестирање во младите и спортот е особено важно“, рече Божинов.

Градоначалникот на општина Босилово истакна дека се работи во делот на канализационата мрежа, потенцирајќи дека моментално во тек на реализација се 45 проекти од клучно значење.

Реклама

„Во изминатите 4 години покажавме како треба да се работи во една општина. Босилово има 15 населени мести и во овој период со поддршка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ почнавме со изградба на канализациона мрежа во населено место Моноспитово и ова е еден од поважните проекти кој што го започнавме и кој ќе продолжи и во останатите населени места на општината. Наследивме празна каса и долг на општината, можам да кажам дека состојбата денес е сосема поинаква, во тек на реализација се 45 проекти во различна фаза некои се тендерирани за некои се потпишани договори. Изградивме неколку локални патишта, изградивме 4 повеќенаменски спортски игралишта“, вели Манчев.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов истакна дека кога го презел раководењето наследил долг од 100 милиони денари, при што Василево била една од нај задолжените општини во источниот регион по глава на жител. Но, посочи градоначалникот, дека со негова посветена работа и на тимот успеа да ја задржат ликвидноста и да не дозволат економски колапс на општината.
„Издвоивме средства за субвенционирање на граѓани кои купуваат инвертер клима уреди, субвенции за полагање возачки дозволи, за првачиња, новороденчиња. Реализиравме голем број на проекти коишто се случија за прв пат во општината, како донесувањето на урбанистички планови во Ангелци, Градашорци и Владевци. Пред моето доаѓање за градоначалник ниту едно населено место немаше урбанистички план“, рече Андонов.

Додека пак, градоначалникот на општина Конче, Златко Ристов истакна дека веднаш по преземањето на одговорноста да ја води општина почна со реализација на проекти во делот на водоснабдувањето.

„Првиот објект којшто го реализиравме беше проектот за водоснабдувањето во населеното место Габревци со инсталација на пумпна станица и потисен цевковод и вградување на трафостаница за потребите на истата. Овој проект чинеше околу 8 милиони денари и истиот обезбеди целосно снабдување со вода за пиење за ова населено место“, рече, меѓу другото, градоначалникот Ристов.