Реклама

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Економија

Директорот на ДИЗ во контрола кај откупувачи на пиперка во Струмичко

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев, заедно со инспекторски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев, заедно со инспекторски тим, изврши контрола кај повеќе откупувачи на пиперка „Куртова капија“ во Струмичкиот регион.

Во контролата, како што соопштуваат од ДИЗ, беше проверено дали откупувачите имаат јавно истакнати цени и дали се почитуваат правилата за класификација на производот.

Согласно утврденото, моменталните откупни цени се: • Екстра класа – 50 денари/кг • I класа – 45 денари/кг • I/II класа – 35 денари/кг • II класа – 20 денари/кг • III класа – 12 денари/кг.

Реклама

– Пиперката од Струмичкиот регион оваа сезона е со одличен квалитет, а инспекцијата утврди дека откупувачите во најголем дел ги почитуваат законските прописи и правилата за фер и транспарентен откуп. Директорот Анакиев најави дека Инспекторатот и во наредниот период ќе продолжи со засилени контроли, со цел заштита на интересите на земјоделците и обезбедување фер услови на пазарот, се наведува во соопштението од ДИЗ.