Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

ВРЕДИ: Историска инвестиција за Чаир, конечно ќе се работи на проширување на булеварот „Цветан Димов“

ВРЕДИ конечно обезбедува услови за реализација на проектот за проширување на булеварот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВРЕДИ конечно обезбедува услови за реализација на проектот за проширување на булеварот Цветан Димов. Соработката на локалната власт со Владата на Македонија покажува значајни резултати, за прв пат се обезбедува сериозна и крупна инвестиција за Општина Чаир и левата страна на Скопје, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Сите влади на ДУИ во повеќе од 20 години не дале поддршка на Чаир и општините каде што живеат Албанците колку оваа Влада на ВРЕДИ што дава поддршка во само една година.

Проектот за проширување и трансформација на булеварот „Цветан Димов“, вреден 10 милиони евра, претставува најзначајниот инфраструктурен зафат во овој дел на главниот град во последните децении. Со овој проект, долгогодишните барања и потреби на над 100.000 жители ќе добијат одговор, Чаир и околните населби конечно ќе имаат модерен, безбеден и функционален булевар изграден по европски стандарди. Чаир ќе биде безбедно поврзан со останатите делови на Скопје.
Овој историски проект е резултат на заедничката работа на локалната власт и Владата на ВРЕДИ со јасна визијата за развој и со цел за рамномерен урбан напредок на целиот град. Чаир веќе не е запоставен.

Реклама

Со оваа инвестиција, се испраќа јасна порака: граѓаните на Чаир и левата страна на Вардар повеќе нема да бидат заборавени. ВЛЕН покажува дека кога политиката е насочена кон луѓето, резултатите се видливи и конкретни.

Булеварот „Цветан Димов“ ќе стане симбол на новата ера на урбани инвестиции, еднакви за сите граѓани, без разлика во кој дел на Скопје живеат.