Реклама

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

Македонија

Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“

Конференција насловена „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“ ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Конференција насловена „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“ ќе се одржи денеска во М6 Едукативниот центар во Скопје, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени.

Како што информираат од Здружението на производители и извозници на вино и други пијалоци произведени од грозје „Вина од Македонија”, на конференцијата ќе се обратат претседателот на „Вина од Македонија“ Светозар Јаневски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, по што ќе следуваат презентациите на Милица Плетварска Атанасов, извршен директор на Здружението „Повардарски – ВРВ“; Александра Ристова, раководител на секторот за управување со лозови насади во Винарска визба „Тиквеш“; м-р Џовани Бигот, агроном, експерт и консултант, „Перлеуве“, Италија; д-р Клемен Лисјак, енолог и истражувач на Земјоделскиот институт на Словенија; Сандра Георгиевска, главен енолог во „Шато Камник“; и проф. д-р Климе Белески, професор на Земјоделскиот институт – Скопје.