Владата им заштеди на граѓаните 115 милиони евра. Македонија го доби спорот со група инвеститори во врска со рудникот Казандол. Владата досега доби 3 спорови во полза на државата. Освен тоа, министерството за транспорт најави и целосна реконструкција на железницата од Скопје до Кичево. Небезбедната траса за неколку години треба да стане минато. Најавени се и опсежни проверки на работењето на спортските аеродроми во земјава. Со вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, разговараше Тања Попова.