Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Економија

Работна посета на претставници од Министерството за финансии на САД во Стопанската комора на Македонија

Денес, во просториите на Стопанската комора на Македонија, се одржа работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, во просториите на Стопанската комора на Македонија, се одржа работна средба помеѓу претседателот на Комората, г. Бранко Азески, и претставници од Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави – г. Томас Метју и г-ѓа Лаура Хостели, советници за приходна политика во Министерството.

Целта на посетата беше размена на информации и мислења за тековните економски предизвици, фискалните политики и можностите за продлабочување на соработката помеѓу двете институции. Особено внимание беше посветено на улогата на приватниот сектор во креирањето на стабилна и предвидлива економска клима, како и на важноста од транспарентни и ефикасни јавни финансии.

Во своето обраќање, претседателот Азески се заблагодари за континуираната поддршка и стратешкото партнерство кое Министерството за финансии на САД го обезбедува во насока на зајакнување на институционалните капацитети и поддршка на економските реформи во Северна Македонија. Тој ја истакна важноста од вакви средби за унапредување на дијалогот и соработката со меѓународните партнери.

Реклама

На средбата се дискутираше за задоволството на бизнисот од соработката со државните институции надлежни за прибирање на јавните приходи и услугите кои бизнисот ги добива од истите.

Стопанската комора на Македонија изрази задоволство од досегашната соработка со Управата за јавни приходи и Царинската управа, особено во делот на отворениот дијалог и заедничкото решавање на предизвиците со кои се соочуваат компаниите, но и ги истакна отворените прашања и областите во кои постои можност за подобрување.

Комората го поздрави континуираното функционирање на новоформираниот Совет за даночна усогласеност во УЈП и го смета за клучна платформа за транспарентна дискусија, размена на мислења и формулирање на практични решенија во областа на оданочувањето, како и напорите на Управата за решавање на одредени проблеми со кои се соочува бизнисот. Сепак, како приоритети на кои во иднина треба да се работи ги посочи: поголема интеграција на системите за податоци во УЈП, автоматизацијата на процесите и забрзување на издавање даночни акти, јакнење на капацитетите на инспекциските служби и нивна континуирана едукација, со цел идентично постапување на инспекторите при инспекциските контроли, воведување на „бела листа“ на уредни даночни обврзници, забрзување на процесот за воведување на електронска фактура (Е-фактура), континуирани контроли за фискализација, сузбивање на сивата економија во е-трговијата и потребата од создавање на систем за навремениот поврат на ДДВ

Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка согласност за продолжување на меѓусебната комуникација и соработка во иднина.