Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Македонските сливи, јаболка, круши, домати добиваат ознака на полиците – кампања за купување домашни производи

Разликувањето на домашните од увозните производи отсега ќе биде едноставно. Јаболката, доматите, …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разликувањето на домашните од увозните производи отсега ќе биде едноставно. Јаболката, доматите,  компирите,сливите, црешите, лубениците и се што е произведено на македонските ниви ќе биде со јасна ознљка на полиците во маркетоите.  Преку новата кампања „Македонско најдобро: Наша традиција, наша гордост“, Владата има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните да избираат домашни производи. Секое купување од локално производство е чин на економски патриотизам, а земјоделците ќе бидат стимулирани да произведуваат пповеќе и квалитетни производи. Надлежното миснисстертво сака преку платформата makedonskonajdobro.mk треба да ги поврзе земјоделците со потрошувачите.

„Со купувањето на домашни производи го помагаме фармерот, нашиот земјоделец, отвораме нови работни места, ги помагаме сите оние преработувачки капацитети, кои што работат преработка на земјоделски производи и нормално ја помагаме нашата економија, бидејќи со купувањето на домашните производи парите остануваат во нашата држава“, изјави министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.

Мнозинството граѓани даваат висока оценка за кампањата за купување македонски производи. Очекуваат дека на подолг рок таа ќе има резултати во намалувањето на цените.

Реклама

Но освен зголемување на конкуретнтноста и намалување на цените, очекувањата се дека на пазарите ќе се нудат и квалитетни производи, кои не само домашниот пазар, туку ќе го освојуваат и странскиот и ќе се зголеми извозот.

„Ние како министерство изминатите месеци работевме секој еден производ кој што иде како извоз од нашата држава, добие една прифатлива цена, која што ќе значи стимул на земјоделците да произведуваат повеќе. Во ситуација кога ќе го подигнеме квалитетот односно и квалитетот на производство, ќе може да размислуваме за намалување на цените. Бидејќи сега согласно намалувањето на количните кои се произведуваат, цената ќе биде многу повисока“, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.

Означувањето на македонските производи засега не  е задолжителна обврска, туку трговците тоа го прават доброволно. Според министерот Трипуновски големите ланци маркети се приклучиле на кампањата, очекува поддршка и од помалите трговци.

Домашното да стане избор на мнозинството – не е само стратегија на македонската влада  .Слична кампања има и во  Британија – наречена Buy British, во Данска  – Choose Danish, како и  Хрватска Kupujmo hrvatsko.