Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Стразбур ќе одлучува за струшката депонија

Европскиот суд за човекови права прифати да одлучува да случајот со струшката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европскиот суд за човекови права прифати да одлучува да случајот со струшката дива депонија. Стразбур ја прифати апликацијата и ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга – депонија која се наоѓа на само 500 метри од првите куќи, во близина на реката Црн Дрим и на 2 километри од Охридското Езеро.

Со оваа проблематика најпрво се соочивме во 2017-та кога имаше големи спалувања на депонијата,тогаш во својство на граѓански активист а сега во својство на адвокат кој што има поднесено апликацијата до Европскиот суд за човекови права.Овој прблем е горлив проблем за стружани и претставува еден од најголемите предизвици на градот во делот на обезбедување здрава животна средина што е уставно право на секој граѓанин на оваа држава, но исто така и во делот на заштита на здравјето и животот на луѓето”-вели адвокатот Глигорие Ќатоски

Откако цели 4 години судовите се прогласуваа за ненадлежни и го шетаа предметот за на крај да ја отрфлат тужбата против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално”,младите правници одлучија правдата да ја бараат во Стразбур.Mакедонските судови не само што не покажаа доволен капацитет да одлучуваат по вака битни прашања за заштита на јавниот интерес на граѓаните,туку несоодвено и неаргументирано ја отфрлија тужбата. Неможе никој да не е надлежен за нелегална депонија и енормно загадување на животна срединавелат младите правници.

Реклама

”Идејата на здружението е секогаш кога било која домашна постапка пред националните судови нема да успее, да се оди токму пред Европскиот суд за човекови права поради тоа што сметаме дека само на тој начин може да се операционализираат и во државата сите оние стандаради кои самиот суд за човекови права веќе во повеќе пресуди ги воспоставил во оваа област”-вели Бојан Трпевски,Македонско здружение на млади правници

Во тужбата меѓудругото е наведено дека депонијата е лоцирана во близина на Охридското Езеро кое е светско природно наследство и секојдневно загадува воздух, почва и подземни води со над 40.000 тони отпад годишно.Откако Стразбур ја прифати тужбата,Европскиот суд за човекови права сега може да побара повторување на постапката пред домашните судови кои овој пат не ќе можат да се извлекуваат, прогласувајќи се за ненадлежни.

Одговорност мора да има за струшката депонија која 20 години ги труе граѓаните и претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата. Глувоста и игнорирањето на проблемот со депонијата на која се натрупани илјадници тони секаков вид отпад не смее да помине неказнето.С удството и обвнителството се оние кои до сега требаа да реагираат,децидни се мадите и амбициозни правници.

Инаку на постоечката локација започна да се одлага отпад  во 2006-та година со одлука на градоначалник Рамиз Мерко.Едниствено се направи претовара станица, која никогаш не профункционира,а се прикажуваа огромни суми  за нејзино одржување.