Бесмислен,нецивилизиран и антиисториски потег,е негирање на македонскиот јазик и идентитет и е спротивно на основните европски начела и вредности. Станува збор за изливи на национализам и шовинизам-вели македонската претседателка Гордана Силјаноска Давкова. Тие оспорувања на македонскиот јазик, македонската нација, македонскиот идентитет зборуваат за историски фрустрации – за жал, не на народите, туку претпоставувам на политичарите – кои мислат дека на тој начин можат да стекнат поени.
“Да чуете негирање и говор на омраза значи дека се потребни реформи и во рамките на Европската унија. Ако е за утеха, оние што користат говор на омраза се пратеници од крајната десница. Е сега, замислете – во Европскиот парламент седат претставници на партии кои, всушност, се против Европската унија. Тоа е парадоксално. Да, постои слобода на политичко здружување и слобода на изразување, но говор на омраза во Европскиот парламент не смее да се дозволи”-вели Гордана Силјановска Давкова-Претседател на Република Македонија
Бројни и врвни македонисти од целиот свет која ја шират македонштината,отворено и без задршка изразуваат негодување за она што и се случува на Македонија и однос на соседна Бугарија кон нас.
”Македонскиот и бугарскиот се два разични народи и посебни јазици”-вели Наталија Неделкова превудувач од Бугарија
Според мене тоа се два различни јазици,македонскиот јазик е посебен и тука нема сомнеж. Нема смисла тоа што се прави тоа се два блиски јазика,но сесма различни и засебни-вели “Олга Панкина –македонист
“Низ долг низ години македонскиот народ имал сили, трпение и упорност да го сочува својот роден јазик на македонското тло.Неправда е ова што и се случува на Македонија,македонскиот народ заслужува почит и признание,но ако вие не го браните своето кој ќе го брани”-вели Ала Шешкин- Московски државен Универзитет
Не смееме да зборуваме за негирање, македонскиот јазик 50 години се изчува како главен предмет на московскиот универзитет,што значи половина век продуцираме кадри кои го шират македонскиот јазик низ цел свет ,преведувајќи и пишувајќи книги на македонски, велат нашите соговорнички.

