Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Цвета Ристовска е новиот заменик претседател на ДКСК

Антикорупциската комисија за локалните избори нема да остане обезглавена. Кормилото во раце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупциската комисија за локалните избори нема да остане обезглавена. Кормилото во раце го зема Цвета Ритовска која на денешната седница едногласно беше избрана за заменик претседател на комисијата. Нејзиниот мандат започнува од 21 –ви – месецов и треба да трае во наредните шест месеци односно се додека Собранието не изгласа претседателка.

Додека антикорупционерите бираа шефица, во Собранието истече рокот на огласот за пријавување на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

Парламентот, пред два дена ја запре постапката за избор на првата антикорупционерка поради претстојните локални избори, се до 3 ноември годинава. Во Собранието беше и формирана комисија којашто по завршувањето на изборите ќе продолжи со селекција на кандидатите. По ова, ќе следува интервјуирање на квалификуваните на кои освен пратениците прашања ќе им поставуваат од новинарските здруженија и невладините организации.

Реклама

Имено, Антикорупциската комисија остана без претседателка откако Татјана Димитровска си даде оставка откако Обвинителството ја обвини за две кривични дела, оддавање на службена тајна и фалсификување на сертификатот за безбедност којшто го поседувала. Според обвинителсттвото таа го хранела со информации поранешен директор на ТЕЦ Неготино, обвинет во случајот Адитив за злоупотреби при набавки на јаглен. На Димитровска ѝ се става на товар и дека незаконски го добила и сертификатот за класифицирани информации, откако преку службениот телефон му испратила пристапни податоци на ревизор во Државниот завод за ревизија, кој во нејзино име го положил тестот за безбедносна обука.

Татјана Димитровска пред да биде избрана за претседателка на Антикорупциска, долги години беше ревизор во Државниот завод за ревизија.