Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Мицкоски и Николоски на увид: Утре ќе биде пуштена клучката кај Подмолје, забрзано се работи на автопатот Кичево-Охрид

Изградбата на авотпатот Кичево-Охрид се одвива според предвидената динамика и покрај бројните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградбата на авотпатот Кичево-Охрид се одвива според предвидената динамика и покрај бројните проблеми кои ја кочеа реализацијата на овој капитален проект, најдоцна до  утре ќе биде пуштена во употреба и клучката кај Подмоље.Со тоа ќе се поброди протокот на возила а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот. Пуштањето во употреба на клучката Подмоље која спојува два града но и две држави Македонија и Албанија беше еден од наследените проблеми од минатото и горлив проблем кој се реши, истакна министерот за транспорт и врски Николоски,при денешниот увид на лице место.

 “Во реализацијата на овој проект,ај претходната власт што не работеше ништо, туку и тоа малце што го работеше го работеа погрешно па решија да ја срушат оваа клучка без да бидат решени имотно правните односи, без да биде решена експроопријацијата.И клучката беше со години срушена вез можност наново да биде изградена и пуштеан во функција.Со прмената на владата предводена од ВМРО ДПМНЕ и премиерот Мицкоски, ова се реши, ги решивме имотно правните односи, сите други административни проблеми кои ни стоеа на патот и веќе од денес се фунционални” –рече Александар Николоски- министер за транспорт и врски

Николоски истакна дека интензивно се работи и на изградбата на пристапни патишта бидејќи за нити едно од селата кои гравитираат вдолж автопатот не било предвидени излез на автопатот.Странува збор за 15.000 луѓе, кои не можат да летнат за да снигнат на автопат,затоа нанови се проектираа простапни патишта потенцираше премиерот Мицкоски,кој кажа со какви се проблеми се соочуваат.

Реклама

”Оние делови од оваа делница на автопапот Кичево Охрид каде што има свлечишта се работат притоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето, бидејќи тоа е многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена”- рече премиерот Христијан Мицкоски

Покрај ова парарелно се работат и 16 потпатници,поставување на еластична ограда,но најважно од се беше да се направи овој дел кај Подмоље.

 “Ќе биде многу значајно Подмоље и ќесе врзе со регионалниот пат, се работи на пристапни патишта на Подмоље Оровник и Горенци,бидејќо без пуштање  и правење на тие пристапни патишта овој пат не може да се пушти бидејќи треба да има поголема сигурност ,сите тие ќе се вклучуваат и исклучуваат на клучката кај аеродромот” –рече Коце Трајановски-директор на ЈПДП

Крајниот рок за изградба на автопатот Кичево Охрид останува крај на 2026-та година.Паралелни со несмален интензитет се работи на други три автопатски делници Тетотво- Гостивар, Гостивар- Букојчани и Прилеп –Битола.Станува збор за огромна градежна офанзива,истакна премиерот Мицкоски.