Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Се е подготвено за состанок Трамп–Путин утре во Алјаска

Oчите на светската јавност се свртени кон градот Анкориџ во Алјаска, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Oчите на светската јавност се свртени кон градот Анкориџ во Алјаска, каде ќе се одржи самитот на кој ќе се сретнат Трамп и Путин. Двајцата претседатели ќе се состанат по шест години, а безбедносните подготовки се на највисоко ниво. Трамп изрази надеж дека средбата ќе даде конкретни резултати и дека ќе отвори пат за понатамошни разговори, со украинскиот претседател Володомир Зеленски. Неговиот план е да му понуди на Путин пристап до минерали од ретки земји со цел да го охрабри да ја заврши војната. Во спротивно се закани со тешки санкции за Русија, без да прецизира какви.

„Ќе има ли санкции ако Владимир Путин не се согласи да ја запре војната по вашиот состанок во петок?.. Да ќе има. Ќе има сериозни санкции“, изјави Доналд Трамп, претседателот на САД.

Путин пак средбата ја гледа како шанса за нов почеток со Вашингтон и за економска соработка надвор од украинската тематика. Ваквата средба Кремљ ја смета за голема дипломатска победа и симболичен потсетник на старата руска територија која до 1867 година била во сопственост на Русија, пред да биде продадена на САД за 7,2 милиони долари. Официјално, фокусот е на војната во Украина, но Москва засега не нуди значајни отстапки, а предлогот за делумно откажување од Донбас, Киев цврсто го одби.

Реклама

„Мислам дека најверојатниот исход овде е дека претседателите Путин и Трамп ќе ја минат средбата испитувајќи се еден со друг и добивајќи чувство за тоа каде лежат црвените линии на секоја страна. Соединетите Држави можат многу да научат од оваа средба за тоа каде Путин може да биде флексибилен кога станува збор за компромиси“, изјави Џенифер Каванаг, експертка за воена анализа во организацијата „Дифенс Приоритис“.

Европската унија, пак, изрази загриженост дека мирот не може да се постигне без активно учество на Украина во преговорите. Зеленски нагласи дека нема да прифати никакви територијални отстапки и предупреди дека таквите чекори би можеле да предизвикаат уставни и безбедносни проблеми за неговата земја. И додека вниманието на светската јавност е свртено кон Анкориџ , во главниот град на Алјаска, Џуно, е прогласена вонредна состојба. Излевањето на Ледничкото езеро Менденхол, предизвика страшни поплави и принуди дел од жителите да ги напуштат домовите.