Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Култура

🎥 „Преку езерото“ – единствен филмски фестивал кој им дава можност на студентите да направат дебитантски филмови

Преку езерото е единствениот фестивал кои ги помага младите актери студенти и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Преку езерото е единствениот фестивал кои ги помага младите актери студенти и дебитанти во стартот на кариерата. Втора година по ред се одржа работилница “Нови Бранови” во која младите учесници креираа свои приказни, а со помош на менторите Александар Русјаков и Дејан Милошевски ги напишаа своите сценарија кои ќе прераснат во дебитантски и студенски филм за една година.

Станува збор за една група студенти на факултетот за драмски уметности и поранешен студент на Универзитетот Еуропа прима мене ми е многу драго што уште еднаш покажуваме дека во принцип, освен што сме многу фокусирни на сегашноста, ние овде се грижиме за иднината.Затоа што иднината се студентите. Нашата идеја е таму да се развиваме, и да направиме многу повеќе простор за младите и студентитевели директорот на фестивалот „Преку езерото“ Јани Бојаџи.

За младите учесници на фестивалот беа одржани и два мастер класови со актерот и лауреат оваа година на наградата „Мето Јовановски“ на “Преку езерото”, Лазар Ристовски. Вториот мастерклас го одржа Милад Тангшир. Иранец кој живее и работи го Италија – режисер кој успеал да се пробие во европската кинематографија.

Реклама

Мастеркласот на Лазар Ристовски помина прекрасно, студентите се интересираа за неговите искуства, во смисла на креирање на неговите улоги и продукцијата.Затоа што работи и како продуцентвели Набојша Јовановиќ, уметнички директор на „Преку езерото“.

Александар Русјаков веќе втора година по ред работи со студентите и вели дека ова е можност која што речиси никој во Македонија не им ја нуди на младите.

Реално ова е нешто што мислам дека секој треба да прави, младите имаат потреба од помош, како ние на времето имавме потреа од помош но никој не ни помагаше, ова е голем стимул да се соочат со сите проблеми кои надоаѓаат, затоа што филмот според мене е најтешката професијавели Русјаков.

Ланските добитници на финансиската помош која ја доделува „Преку езерото” ги прикажаа двата краткрометражни филма кои ги изработија за 365 денови. “Езерото”, по сценарио и режија на Софија Христовска и “Бојата на темнината”, по сценарио и режија на Кристијан Костадиновски.

Генерално, многу сум задоволна од соработката што ја имав со сите кои работеа со мене, ова беше еден процес што ме научи многу и се изненадив искрено колку луѓе ми излегоа во пресрет ние се трудевме да направиме најмногу што можевме изјави Софија Христовска.

Добитници на грантот оваа година кој го доделува “Преку езерото” се Исток Чаповски и Розе Симоновска чии филмови за една година ќе бидат изработени и прикажани на петото издание на фестивалот.

“Преку езерото” одвои и посебна вечер со програма за деца и млади на која беа прикажани два филма за учениците од училиштето “Јосиф Јосифовски” од Гевгелија и филмот “Јон Вардар” против вселената од Гоце Цветановски.