Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Уште се опасни пожарите во Црна Гора, но и во регионот

Со натчовечки напори, со механизација и гаснење од земја и водух пожарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со натчовечки напори, со механизација и гаснење од земја и водух пожарите во Црна Гора се ставени под контрола. Локализиран е пожарот што направи огнен прстен околу главниот град Подгорица што ги загрози куќите и имотите во околината на градот. Во моментов се активни неколку пожари во околината на Подгорица, а најкритично е на подрачјето на Кучи, каде што огнот се гасне со авион.

„Правиме се за да ги заштитиме како куќите, така и животите на луѓето кои ни се приоритет. За сега немаме потврда дека човечки живот е загрозен или не дај боже некој да настрадал. Имаме еден дел од куќа кој е зафатен, но преку 20 возила со целата единица мобилизирана се на лице место“, изјави Никола Бојановиќ – шеф на пожарникарите во Подгорица.

Комплицирана е ситуацијата и во Даниловград, додека пожарите во Никшиќ и Бијело Поље се активни, но под контрола. Сепак пожарникарите велат дека моменталната ситуација е многу подобра отколку што била изутрината и вчера. Утре е ден на жалост во Црна Гора откако во борбата со огнената стихија загина војник, додека неговиот колега беше тешко повреден. На црногорското приморје ситуацијата е стабилна, но сепак се уште гори во близина на Чањ.

Реклама

Во гаснењето на пожарите, Црна Гора доби помош од Србија, како и од земјите членки на ЕУ и НАТО. Во последните два дена, покрај леталата на МВР и Армијата на Црна Гора, беа ангажирани хеликоптер од Србија, канадери од Хрватска и Италија, а најавена е и помош од Унгарија и Австрија. Во овие тешки моменти, пристигнуваат и емотивни сцени од Црна Гора – деца им се заблагодарија на пожарникарите со срца во рацете, а српски војник со дланките формираше срце за Црногорец кој го вееше српското знаме, испраќајќи порака за човечка солидарност.

Сепак, има и инциденти – на едно видео, повозрасен човек со камења во рацете замавнуваше кон хеликоптерот, кој се спушти да полни вода, за да ги гасне пожарите.

Пожари беснеат и во Грција, Албанија, и Турција. Во Грција, 15 пожарникари се повредени додека во Албанија денеска има една жртва во округот Елбасан, а ден претходно, 80-годишен маж загинал додека палел пожар во својот двор. Од синоќа голем пожар беснее и во општина Булќиза, на албанско-македонската граница, кај Дебар. Во Турција пожарите беснеат веќе два дена во покраината Чанаккале, а во Шпанија, од Тре Кантос до Тарифа кај Гибралтар, се евакуирани околу 2.000 луѓе.