Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Основните и средни училишта ќе се финансираат по нова методологија

Основните и средни училишта ќе се финансираат по нова методологија, која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основните и средни училишта ќе се финансираат по нова методологија, која ќе обезбеди еднакви услови за сите ученици без разлика каде живеат. Со новите формули на МОН, од следната година пресметките за секое училиште колку пари ќе добие ќе се прават според точно утврдени критериуми за тоа колку чини трошокот за образование за еден ученик. Со оптимизирани трошоци, училиштата ќе станат самоодржливи, а родителите повеќе нема да купуваат основни материјали за непречена настава како до сега.

“Во одреден број на општини ќе се намалат средствата затоа што тие користат 60% од средствата, во други општини каде што се користи 98% од средствата ќе се зголемат за да имаме развојна компонента во училиштата. Обезбедивме да не е намалувањето поголемо од 5% во тој преоден период и понатаму ќе доработуваме.”- изјави Весна Јаневска.

Креаторите на новата методологија, велат дека оваа реформа претставува поефикасен и поинклузивен образовен систем.

Реклама

„Новата методологија ќе им помогне на училиштата подобро да одговорат на различните потреби на учениците преку дополнителна поддршка за вклучување на децата со посебни образовни потреби, оние што учат на јазиците на помалите етнички заедници и оние што потекнуваат од социјално ранливи семејства“, рече Милер.

“Со јасни критериуми и правила, секоја општина ќе може да ги распредели средствата до општинските училишта, што ја зголемува довербата во образовниот систем и ги мотивира училиштата да работат поефикасно.” рече Бојана Нацева.

“МОН како носител на процесот, ги обедини искуството на државните службеници кои со децении ја познаваат оваа проблематика со знаењето на над дваесет експерти од сите релевантни области, ангажирани од Светска банка и УНИЦЕФ, преку ЗМАИ и се донесоа квалитетни решенија за македонското образование.”- рече Виктор Митревски.

Министерката Јаневска појасни дека новата формула за финансирање на основното образование има две компоненти – основна и варијабилна.  Основната ќе го покрива стандардизираниот трошок по ученик, кој изнеува близу 112 илјади денари на годишно ниво. Тука влегуваат платите и придонесите на вработените и нивното стручно усовршување. Варијабилната компонента ја сочинуваат трошоците за превоз на ученици, поддршка за ученици со посебни образовни потреби, за учениците кои следат настава на турски, босански и српски и за ученици кои следат настава во подрачни училишта.