Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥Мицкоски: Издвоивме 170 милиони денари за инвертер клими за ранливите семејства

Ранливите категории граѓани може да аплицираат за субвенции за инвертер клима и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ранливите категории граѓани може да аплицираат за субвенции за инвертер клима и помош од 1000 за сметките за струја. Министерството за енергетика го објави огласот. За инвертер клима може да аплицираат домаќинства со ниски приходи, чиј вкупен нето месечен доход во 2024 година не надминувал 25.000 денари за едночлено домаќинство, 31.000 денари за домаќинство со два члена, 37.000 денари за домаќинство со три члена и 43.000 денари за домаќинство со четири и повеќе члена. Домаќинства во кои единствен приход е пензија, да не надминува 15.700 денари за едночлено домаќинство, 19.800 денари за домаќинство со два члена и 23.700 денари за домаќинство со три и повеќе члена. Граѓаните нема да добиваат ваучер за сами да го купат инвертерот, туку Министевството за енергетика ќе распише тендер и ќе ги набави па после ќе ги дели на корисниците. За помош за сметките за струја право на поддршка имаат домаќинствата со едно или повеќе лица со тешка или длабока интелектуална попреченост, со најтешка телесна попреченост, потполно слепо лице и глуво лице, како и корисници на посебен надоместок заради попреченост со навршени 26 години возраст.

“Огласот е објавен, трае 60 дена, отприлика 170 милиони денари се обезбедени за оваа намена. Може сите оние кои ги исполнуваат условите да се пријават на овој оглас, станува збор за клима уреди од класата А+ со инсталирана моќност од 3,5kW. И цениме дека на овој начин ќе придонесеме да тие семејства имаат подобар комфор во својот дом, како во лето, така и во зима. И да се обидеме да интервенираме во делот на заштита на животната средина и намалување на загадувањето, посебно во периодот кога ги затоплуваат своите домови.” – рече Мицкоски.

Краен рок за аплицирање за државна помош за електрична енергија е до 31 август, а за поддршка за купување инвертер до 5 октомври. Оние кои ги исполнуваат условите треба да поплнат барања и да достават соодветна документација до Министерството за енергетика. Едно лице може да поднесе само едно барање за едно домаќинство.