Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Африканскиот бран удри со сета сила по Македонија, почнаа повторно да се појавуваат пожари

Македонија повторно почнува да гори. Африканскиот бран кој донесе ужасно жешко и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија повторно почнува да гори. Африканскиот бран кој донесе ужасно жешко и суво време, со температури од над 40 степени предизвика плодна почва за нови пожари низ државата, кои претставуваат сериозна закана за шумските подрачја и заштитените природни зони. За само неколку дена, огнот зафати повеќе региони, а најкритична е состојбата во Националниот парк „Јасен“, каде од утрово огнени стихии го блокираа патот од Брезница, преку Јасен, кон Македонски Брод. Пламенот напредува низ мешаната шума, поттикнат од високите температури. За среќа во моментов на територијата на државата активен е само еден пожар, еден е под контрола, а 14 се изгаснати. Од Центарот за управување со кризи велат дека будно ја следат состојбата и дека на терен веќе се излезени 40 припадници на Армијата, а се гасне и од земја и од воздух. Активирани се и специјализираните возила, 3 хеликоптери и 2 „Ер трактори“.

„Рано наутро врз него дејствуваат два полициски хеликоптери и еден армиски хеликоптер додека од земја во гаснењето учествуваат 15 припадници на специјалните единици на МВР, а на нив нешто подоцна се приклучија 26 припадници на специјалните единици на армијата. Покрај специјалците во гаснењето на овој пожар учествуваа и екипи на ЈП „Јасен“ како и неколку екипи на „Национални шуми“ кои се обидуваат од земја да воспостават контрола врз овој исклучително тежок за гаснење пожар“, изјави директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

Од утрово се дејствува со два Ер-трактори на ДЗС за пожарот во Кичево, три „Пинцгауер“ и едно возило „Хермелин“ на ДЗС за пожарот во Јасен, еден „Пинцгауер“ за пожарот во Сарај (с. Свиларе), три „Пинцгауер“ за Кичево, едно специјализирано возило БТР за пожарот во Теарце, 40 припадници на АРМ за поддршка во Кичево, 28 припадници на специјалните полициски сили за поддршка во Јасен и логистика, како и локални противпожарни екипи и припадници на „Национални шуми“ во сите засегнати региони. Најголем приоритет останува гаснењето на пожарот во „Јасен“ поради големината, ризикот за биодиверзитетот и тежината на теренот. Активностите ќе продолжат со максимално искористување на копнени и воздушни ресурси“, изјави Стојанче Ангелов.

Реклама

Во изминатите 24 часа евидентирани беа 16 пожари кои зад себе оставија пустош. Во Босилово, во селото Сарај, гореше отпад, а кај Табановце, во Куманово, беа зафатени поголеми површини со ниска вегетација. Пожарот меѓу Ломница и Калиште, во Врапчиште, уништи делови од мешана шума, додека во Тетово, гореше комбинација од ниска вегетација и ѓубре.

Од ЦУК велат дека временските прилики во наредниот период можат да создадат услови за нови пожари. Апелираат до граѓаните да се воздржат од активности во природа кои можат да предизвикаат пожар и строго да ги почитуваат препораките за движење во шумските подрачја.