Реклама

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Македонија

🎥 МВР: За една година сузбиени 14 организирани криминални групи во кои учествувале 201 лица

Министерството за внатрешни работи сузбило 14 организирани криминални групи, во кои учествувале…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи сузбило 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година.

-Справувањето со илегалната миграција е еден од врвните предизвици и приоритети во работата на МВР, за што говори и статистиката на преземени дејствија и резултати во периодот од 1 јули 2024 до 30 јуни 2025 година. Во овој период сузбиени се 14 организирани криминални групи, во кои учествувале 201 физички лица и 18 правни лица, стои во соопштението на МВР.

Оттаму додаваат дека се откриени 64 случаи на криумчарење мигранти, на околу 430 лица, додека спречени се 6.000 обиди за илегално транзитирање, што претставува намалување за речиси 50 отсто во однос на претходниот период.

Реклама

-Во соработка со Европската агенција ФРОНТЕКС, МВР спроведува континуирани операции за контрола на границите и справување со безбедносните ризици. Покрај миграцијата, откриени се и случаи поврзани со фалсификување пари, тероризам, проституција, висока корупција (во вредност од над 16 милијарди денари), недозволена трговија со дрога, како и нови случаи на криумчарење мигранти поврзани со меѓународни криминални мрежи, се наведува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи додава дека продолжува со бескомпромисната борба против илегалната миграција и организираниот криминал, како еден од стратешките приоритети за заштита на безбедноста и правниот поредок.