Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Филипче во друштво на Заев на луксузна јахта – дали се договараат листи и имиња за локалните избори?

Во Собрание бара зголмување на минималната плата, се жали како народот гладува,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Собрание бара зголмување на минималната плата, се жали како народот гладува, ја критикува владата дека државата тоне во сиромаштија – но за време на летен одмор си се вози на скапа и луксзуна јахта, и тоа не со било кого, туку со екс-премиерот, сега бизнисмен, Зоран Заев со кого си делат и златни визи и за Дубаи. Поралот „Плус-инфо“ објави фотографија на која се гледа како лидерот на СДСМ Венко Филипче ужива качен на јахтата на која се наоѓа и неговиот другар Заев.

Според инфомациите на порталот, по прошетката со луксузното пловило, Заев и Филипче седнале на ручек во познатата таверна „Панос„ која се наоѓа на вториот крак на Халкидики. Интересно е што на фотографијата, на ручекот присуствува и кандидатот за градоначалник на општина Аеродром, Александар Трајковски.

Според податоците кои можат да се проверат на интеренет, најверојтано не станува збор за јахта во сопстевност на Заев или Филипче, туку за пловилото „Pearl„ или Бисер, кое е во сопственост на грчка агенција и кое може да се изнајми за околу 11 илјади евра за една недела.

Реклама

Засега не е познато дали двајцата се само на одмор – или пак можеби станува збопр за тивко усогласување на плановите за претстојните локални избори, далеку од очите на јавноста? Досега првиот опозиционер и лидер на СДСМ, Филипче во секој свој настап и интервју, тврди дека Заев не се занимавал со политика, но дека имаат блиски релации со екс-лидерот.

„Имам приватни контакти, Заев веќе не сака да се занамиава со политика не сака да се меша, целосно е тргнат, контактите се само приватни“, изјави Венко ФилипчеToa јас што имам добра релација со Зоран Заев сметам дека кажува нешто за мене. Јас ги почитувам моите претходници на претседателската функција. Сметам дека тоа се луѓе кои во одреден дел од животот, цел живот го посветиле на таа работа и тоа се луѓе од кои има што да се научи. Таквото искуство може да се добие само од претходните претседатели на партија“, изјави Венко Филипче.

Сомнеж дека не станува збор само за обичен летен одмор е токму присуството на кандидатот Трајковски. И ова не е првпат да се види на дело раскошот во кој живее актулениот и поранешниот врв на СДСМ. Претходно двојката Заев – Филипче беа видени заедно на гранде журка во Дубаи, каде ги забавуваше Харис Џиновиќ. Дубаи ги врзува Заев и Филипче и по друга линија – и двајцата поседуваат златни визи за Емиратите, документ кој вообичаено се добива со инвестиција од неколку стотици илјади евра. Филипче демантираше дека имал бизнис, но, до денеска се нема откажано од својата виза.