Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Македонија чека правда – Владата најавува мерки за расчистување на хаосот

Обвинителство како и вообичанаено досега, не се занимава со круцијалните проблеми, не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обвинителство како и вообичанаено досега, не се занимава со круцијалните проблеми, не расчистува криминал и најверојатно селективно гони. Тоа се препознава со случајот во филмското убиство во Тетово, а и во истрагата против директорката на гимназијата во Демир Хисар. За крвопролевањето меѓу двете семејства среде бел ден во Тетово, тамошното обвинителство води редовна постапка, а јавноста реагира зошто убијците се сеуште на слобода.  

Премиерот Христијан Мицкоски не е изненаден од непостапувањето на надлежните обвинители. Неговиот став за дел од обвинителите и судиите останува непроменет. Вели оваа влада не ги менува ставовите преку ноќ и се надева дека по локалните избори конечно ќе среди хаосот во македонското правосудство.

И во драмата со началникот и директорката од Демир Хисар се гледа дека обвинителството не си ја врши работата како што треба. Опозицијата искористи прилика и жестоко обвини дека началникот бил заштитен од оваа влада и министерот Тошковски. Премиерот Мицкоски е задоволен од однесувањето на МВР и од суспензијата на началникот. Тој вели дека ако има и кривична одговорност, началникот ќе си ја сноси, но суштината е во тоа што никој јавно не го покренува прашањето, како магично исчезнуваат печатите од гимназијата, по смената на директорката.

Реклама

По одржувањето на локалните избори, владата ќе продолжи со постапката за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски. Парламентарците му изгласаа интерпелација, а недоверба им искажаа и на членовите на Судскиот совет. Разрешувањето на Коцевски следува по негативните критики за судството коишто секоја години се повторуваат во извештаите на Европската комисја, како и ниската доверба на граѓаните во овој систем.