Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВРЕДИ: ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија

ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети мислат дека набрзина ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ДУИ, Бујар Османи, Артан Груби и Али Ахмети мислат дека набрзина ќе си ја избркаат „мувата од капата“, а всушност се разобличија сами, стои во соопштението на ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.  ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија. Потсетуваме:

Влезот на МТЕЛ во Македонија е во јули 2021 година – токму кога ДУУ беша власт, а Бујар Османи беше министер за надворешни работи, дополнително и министри за економија и финансии беа токму кадри од ДУИ, предложени од Али Ахмети.

Без политичка согласност од Владата во која учествуваше ДУИ и без постапки од министрите на ДУИ, МТЕЛ немаше да добие лиценца и да влезе на пазарот во Македонија.

Реклама

Исто така, Валадата во која учествуваше ДУИ, онаа на Бујар и Артан донесе повеќе одлуки за да дозволи влез на капитал од српското и црногорското подземје во бизнисот со казина. Од три лиценци, две ги добија сомнителни бизнис компании од Србија и Црна Гора.

Денес ДУИ и Бујар Османи глумат загрижен за влез на српски капитал, а неговата влада го отвори пазарот и даде зелено светло.

Впрочем тоа што ДУИ е партија на црната листа е само последица на многуте информации за влез на сомнителни српски бизниси и капитал во Македонија, во времето на ДУИ.

ДУИ е партија основоположник на српскиот свет во Македонија.

Со оглед на тоа, бараме од ДУИ и Бујар Османи јавно да одговорат:

Дали, според нашите информации, најавениот влез на „Алта банка“ е резултат на многуте средби што тој и Али Ахмети ги имаа со претседателот Вучиќ и со други српски функционери? Дали постојат записници, кореспонденција и договори од тие средби – и ако постојат, зошто не се објавени? Дали памтат дека од сите тие средби, официјалните и неофицијалните, има и постојат фотографии?

Јавноста заслужува конзистентна политика и целосна транспарентност, а не дневни пресметки и префрлање вина. Ако ДУИ и Бујар Османи се искрени, нека ги објават сите документи и нека објаснат зошто во 2021 година нивната влада го поддржа влезот на МТЕЛ?

Центар за комуникации ВРЕДИ