Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 Живот врзан за кабел – пациентите со механичка поддршка на срце бараат веднаш да се почне со трансплантации

На пациентите со механичка потпора на срце, деновите од животот им се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На пациентите со механичка потпора на срце, деновите од животот им се бројат, секој ден велат и гледаме на смртта во очи. Пумпите кои кај 20-тината пациенти ја заменуваат работата на срцето, откажуваат и се во критична состојба. Бројот на пациенти впишани во националната листа за трансплантација се зголемува, најмладиот пациент е девојка на 29-годишна возраст. Додека чекаа трансплантација, некои веќе починаа, животот буквално ни зависи од батерии и 5 метри кабел – укажуваат од здружението “Храбро срце”. Крајно време е, велат, националниот тим за трансплантација да се консолидира и нашите врвни кардиохирурзи да ја направат првата операција за замена на вештачка пумпа со срце од донор.

“Доколку веќе крајно не може да се направи ништо за скоро време во државава, да се размислува за упатување кон странство да се решат нашите проблеми затоа што овие уреди кои што се ставени на нас како мост до трансплантација во светот се прифатени како уреди кои што се користат 3 месеци, најмногу една година. Ние повеќето пациенти од Македонија ги носиме повеќе од 5 години, некои и 6, и нашите организми се крајно исцрпени” – вели Претседателот на здружението “Храбро срце”, Васко Јолески.

Лоцирајќи ги проблемите, директорот на Фондот за здравство, Клековски, уверува дека националниот координатор за трансплантација работи напорно.
“Проблемот е и со наоѓање на орган, бидејќи во основа не сме членки на Евротрансплант, немаме можност да разменуваме органи во поширока мрежа, листата на чекање е долга и значителна и таму е вртење во круг. За да влеземе во Евротрансплант треба да имаме одреден број на трансплантации, а ние не стигаме до тоа посакувано ниво” – вели Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство.

Реклама

Пациентите со механичка потпора на срце молат, на следното ревидирање на позитивната листа на лекови да се стави за нив толку потребниот лек Ентресто, кој лани го регистрираше Агенцијата за лекови Малмед. Пациентите сега сами се снаоѓаат само за да дојдат до лекот кој кај нас чини околу 7.000 денари.

Инаку, стотина лица во Македонија со години чекаат за трансплантација и на други органи. Дваесеттина лица се на листата за трансплантација на срце, петнаесеттина за црн дроб, а дури 47 за бубрег, најмладите од нив се на 16, односно 17-годишна возраст.