За туристите кои ова лето одмараат на ривиерата не се изгор само високите температури,туку ицените на хотелско-угостителските услуги. Со колку пари во џебот треба да тргне еден турист кој сака да летува кај нас? Ако ги погледнеме цените во одредени рестораните и кафетериите на риверата,ќе добиете впечаток дека сте дошле на некоја егзотична дестинација. За пиво од 330 милилитри ќе платите од 3,5 евра нагоре, а најефтините коктели се по 6 евра,нема поефтина салата од 4 евра.На странците пак кои на пример за едно кафе издвојуваат од 2,5 до 3 евра,за топка сладолед од евро и пол до две,не им се топи паричникот оти им е полн со пари,сепак нити тие не можат на раат да се испружат на плажа. Но има и такви кои не го пребројуваат паричникот на секои пет минути,оти еднаш се живее.
–“Лежалките на плажа се поскапи, иначе не е толку скапо колку што ние очекувавме дека ќе биде; Не е скапо цените се исти како во Србија, дури е нешто и поефтино во однос на Србија;Не, не е скапо,за нас се е ефтино и баш е убаво; Јас мислам дека на пазарите цената е нормална како и пред години откако што доаѓаме овде,ама самопослугите се стварно поскапени.Денес гледам една цена,а другиот ден е друга тоа го заприметив”-велат туристите
За воља на вистината ова лето цените се далеку повисоки и во соседна Албанија која преку ноќ стана популарна дестинација.Таму гирото е 3,5 евра до 4 евра, пиво 2,5 до 3 евра,кафе 1,5 до 2,5 евра, коктели до 15 евра, пица 5 до 10 евра.Во однос на цените медуимски силно е критикувана е Хрватска.Во рестораните, цените варираат од 20 до дури 60 евра, додека кафето чини од 4 до 7 евра, килограм праски е околу 6,5 евра.Рози не цветаат нити во Црна Гора.

РТЛ ДИРЕКТ :”Пешкир за 107 евра,молим! Ова е тоа видео кое како зараза се шири на тик ток една туриска во продавница снима најобичен пешкир за плажа кој чини 107 евра.Во ова Молим ќе ги додадеме и некои црногоски летувалиштаво кои лежалки и чадор за сонце можете да изнајмите за 200 евра на ден,па на инстаграм се шири видео на кое се гледа дека владее голем интерес, не е изнајмена нити една”
Охридските туризмолози сметаат дека цените кај нас треба да се поприземни. На светско ниво,најголемиот пораст на цени е во угостителството,а ние едноставно го следиме тој тренд што не го правдам нити го оправдувам,вели професор Коруноски.
“Така ќе привлечеме повеќе, ако направиме еден брејк и влеземе со понуда на нешто поефтино.Тоа да,но тие треба да направат пресметки и да настапат со таков вид на понуда.Јас секогаш велам нема скапо нешто,туку има што добивате за парите.Ако ние успееме да добиеме квалитет за онаа цена што сме постигнале тогаш е ок, ама ако платиме 100 евра за ноќевање а не сме задоволни од хигиената, од услугата тогаш не е во ред” -вели д-р Сашо Коруноски,универзитетски професор
И додека во Охрид, домаќините во сопствениот град живеат како туристи 365 дена во годината,оние кои што живеат од туризам,постојано се жалат дека тешко се печали,иако капацитетите им крцкаат полни со гости.
